Нашата ПриказнаВанила Фуд

Брзиот начин на живот и секојдневните обврски се предизвик за секој од нас, а посебно за родителите со мали деца. И покрај најдобрите намери, честопати се случува родителите да немаат време за подготовка на готвени оброци и несакајќи прават погрешен избор на храна за своето семејство. Брзата храна изобилува со калории и е несоодветна за оптимален раст и развој кај децата. Таквата храна предизвикува немоќ кај учениците да ја задржат концентрацијата за време на училишните часови и не им ја обезбедува потребната енергија.

Носени од желбата да ги промениме навиките во исхраната, првенствено кај себе, но и кај родителите од нашето опкружување, дојдовме до идеја за основање на компанија која ќе се грижи за подготовка на квалитетни, хранливи, топли оброци за најмладите конзументи.

ВАНИЛА ФУД е приватна компанија формирана во 2009 година. Нејзината основна дејност е подготовка на топли оброци за деца од претшколска возраст и ученици во основно училиште. Нашата мисија е обезбедување на хранливи оброци, подготвени во строго контролирани услови, според највисоките критериуми за безбедност на храна.

Во подготовката користиме исклучиво свежи, сезонски намирници, од домашно потекло, со проверен квалитет. Во исхраната не употребуваме никакви месни преработки, вештачки зачини, маргарин. Листата со оброци е подготвена од дипломиран нутриционист и е сочинета од готвени јадења карактеристични за нашето поднебје, а свежиот зеленчук е секојдневно застапен во форма на салати. За десерт на учениците им послужуваме сезонско овошје.

Благодарение на високата професионалност и посветеност, ВАНИЛА ФУД е водечка компанија во доменот на подготовка на здрава, готвена храна за најранливата категорија на корисници.

 

 

Работно време

Понеделник до Петок: 7am - 4pm
Сабота: 8am - 2pm
Недела: 

Контакт

тел:  02/3061-123;
Email: contact@vanillafood.com.mk
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe

Контакт

 

Контакт форма

Информација

Секој работен ден од 7am - 4pm

тел:  02/3061-123;
Email: contact@vanillafood.com.mk

Адреса

Ванила Фуд
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe