Избалансирана исхрана и подготвување на мени за децата од предучилишна и училишна возраст

Избалансирана исхрана и подготвување на мени за децата од предучилишна и училишна возраст, беше главна тема на петтиот по ред - НУТРИКОН 2018, меѓународна конференција за безбедност на храна, на која зема учество и нашата компанија. Во рамките на проектот Здрав оброк за секое дете, кој нашата компанија го започна на почеток на учебната 2017/2018 година се со цел да се подобри и унапреди менито за исхрана на учениците, Ванила Фуд оствари соработка со стручните соработници, дипл. инж. нутриционист Надица Илиевска и постдокторант по прехранберна технологија и нутриционизам, Проф. Д-р. Валентина Павлова. Проектот беше оценет од страна на меѓународната научна фела како прогресивен и позитивен бидејки менито кое се изработи за децата во основните училишта на територија на Општина Карпош, не само што е во согласност со стандардите и регулативите во нашата земја, во менито беа вклучени и препораки засновани на законските регулативи на Европската Унија. Поттикнати и охрабрени од позитивното прифаќање на минатогодишниот проектот, Ванила Фуд и оваа учебна 2018/2019 година продолжува со истите заложби, воведувајќи нови содржини во продолжението на проектот со име: Нови трендови во училишните кујни.

 

Родителите (потписници на договор за исхрана) за секое училиште поединечно, писмено ќе бидат известени од страна на Ванила Фуд за денот на одржување на едукативните состаноци, закажани по следниов распоред:

 

  • ОУ Христијан Тодоровски Карпош 26.10.2018 (петок) 18:00ч
  • ОУ Вера Циривири Трена 02.11.2018 (петок) 18:00ч
  • ОУ Јан Амос Коменски 09.11.2018 (петок) 18:00ч
  • ОУ Војдан Чернодрински 16.11.2018 (петок) 18:00ч
  • ОУ Лазо Тровски 23.11.2018 (петок) 18:00ч
  • ОУ Петар Поп Арсов 30.11.2018 (петок) 18:00ч
  • ОУ Братсво 07.12.2018 (петок) 18:00ч
  • ОУ Владо Тасевски 13.12.2018 (четврток) 18:00ч
  • ОУ Димо Хаџи Димов 21.12.2018 (петок) 18:00ч

Предавањата ќе бидат со времетраење од 60 минути и истите ќе се состојат од неколку точки:

  • Вовед
  • Дегустација на храна
  • Препораки за нови трендови во училишните кујни
  • Дискусија за здраво мени и потикнување на поголем интерес за подобра исхрана
  • Продлабочување на соработката помеѓу операторот и родителите
  • Општо (прашања и дискусија)

На сите едукативни состаоци ќе има представник од Општина Карпош.

Работно време

Понеделник до Петок: 7am - 4pm
Сабота: 
Недела: 

Контакт

тел:  02/3061-123;

тел:  078/255-948;
Email: contact@vanillafood.com.mk
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe

Контакт

 

Контакт форма

Информација

Секој работен ден од 7am - 4pm

тел:  02/3061-123;
Email: contact@vanillafood.com.mk

Адреса

Ванила Фуд
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe