Нови трендови во училишните кујни.
Ванила Фуд е компанија со долгогодишно искуство во подготовка на храна за деца од предучилишна и училишна возраст. Минатата година, нашата континуирана заложба за обезбедување на квалитетна и здрава храна резултираше со успешна реализација на проект за здрава исхрана во сите основни училишта на територија на Општина Карпош. Целта на проектот беше унапредување и подобрување на квалитетот на постоечкото мени, во согласност со европските стандарди и регулативи за исхрана на оваа категорија на корисници. Имајки во предвид дека училишните оброци треба да придонесуваат за градење на здрави прехрамбени навики , за целиот труд и постигнување на резултат во учебната 2017-2018 беа потребни 5 месеци за успешна реализација на замисленото. За потребите на проектот беа ангажирани надворешните соработници, проф. Д-р Валентина Павлова, постдокторант по прехранбена технологија и нутриционизам и М-р Надица Илиевска, дипл. инж. нутриционист.
Истражувањето кое беше спроведено за проектот, на крајот на учебната 2017-2018 година беше преточено во научен труд, презентиран на Конгресот за квалитет и безбедност на храна - НУТРИКОН, кој се оддржа во периодот 13-15 јуни 2018 година во Охрид. Дополнително, трудот беше објавен и во Меѓународниот научен журнал за хигиенско инженерство и дизајн.
Проектот беше одлично прифатен од страна на родителите и учениците, а заради зголемениот интерес за дополнителни едукативни предавања, одлучивме истиот да продолжи и во текот на оваа учебна година 2018-2019.
Во рамките на проектот, оваа година, се потрудивме да бидат вметнати нови содржини, дискусии, препораки, како и дегустација на храната која ја консумираат децата . Со почетокот од месец Октомври па се до Декември предвидено е да бидат остварени средби во секоја училишна кујна на територија на Општина Карпош. Заради задржување на автентичноста одлучивме дегустацијата да се одржува во самата просторија каде што сите ученици секојдневно конзумираат топол оброк, послужена со истиот прибор во истата просторија. Нашите корисници посебно ја ценат траспарентоста и отворениот пристап кој го градиме долг период, а истотака имаа можност да се запознаат и со одговорните лица кој секој ден ја приготвуваат храната за децата, како и да ја разгледаат целата кујна.
Покрај разновидноста на храната, важен е и начинот на приготвување на храната, количината на храната и нејзината содржина. Приготвивме внимателно одбрани оброци, внимателно селектирани за дегустација, десерти без шеќер, органски намази со интегрален леб, зеленчукова супа и некој од омилените македонски јадења кој се дел од нашето мени за исхрана.
Со голема желба и мотивираност за подобри навики и интерес за здрава храна кај учениците, Ванила Фуд ќе продолжи со проширување на проектот и понатаму.
http://vanillafood.com.mk/index.php/blog/145-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BA%D1%83%D1%98%D0%BD%D0%B8#sigProId56ea2bbb52