Проект “ ЗДРАВ ОБРОК ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ “ 2018/2019 год

Проектот “ ЗДРАВ ОБРОК ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ кој го стартувавме минатата учебна година, го продолживме и оваа 2018/2019 учебна година. Нашата компанија успешно го спроведе во сите основни училишта на територија на Општина Карпош, со цел да ги доближиме родителите до суштинските вредности во однос на квалитетот кој го нудиме по пат на предавање, презентација  и дегустација на храната која ја конзумираат нивните деца како и дебата во рамките на се она што представува здрав и квалитетен оброк за децата.

Во рамките на активностите кој се поврзани со овој проект, одлучивме  да ја подготвиме истата храна што ја конзумираат учениците, но овој пат за родителите, како во првото, така и во второто полугодие.

Од почеток на целиот процес  ги поканивме сите корисници - потписници на договори кој имаа можност во попладневните часови да присуствуваат на закажаната дегустација. Како и претходно, таска и сега предавањата и дегустацијата на храна беше водена од нашиот стручен тим  проф. Д-р Валентина Павлова постдокторант по прехранбена технологија и нутриционизам и М-р Надица Илиевска дипл. инж. Нутриционист,  кој што извршија предавања, презентација и детално одговараа на сите прашања поврзани со менито во нашите училишни кујни.

Со сите капацитети нашата заложба е најмалите да имаат здрави прехрамбени навики и желба за запознавање на здравата храна, од причина што менито на Ванила Фуд е составено од многу традиционални јадења. Првата и втората дегустација беа со различен избор на оброци. Храната се оценуваше на посебни анкетни прашалници (сензорна анализа), каде конзументите ги пополнуваа анкетните прашалници веднаш по дегустацијата, а истите ни послужија за уште еднаш да го слушнеме нивното мислење во однос на квалитетот на храната која ја подготвуваме. Нашиот проект под слоганот ЗДРАВ ОБРОК ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ има за цел да ја развиеме идеата учениците да се хранат по високи стандарди со здрави животни навики.

 

 

 

“Се што внесуваме преку храната во организмот

не гради и не менува, а од тоа што сме го

конзумирале зависи нашата снага,

нашето здравје и нашиот живот!

 

Работно време

Понеделник до Петок: 7am - 4pm
Сабота: 
Недела: 

Контакт

тел:  02/3061-123;

тел:  078/255-948;
Email: contact@vanillafood.com.mk
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe

Контакт

 

Контакт форма

Информација

Секој работен ден од 7am - 4pm

тел:  02/3061-123;
Email: contact@vanillafood.com.mk

Адреса

Ванила Фуд
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe