Извештај за проектот “Здрав оброк за секое дете“ и реализираните едукативни состаноци во основните училишта на територија на Општина Карпош

Цели : 

  • Презентација на резултати од анкетен прашалник
  • Запознавање, представување и презентација на ново мени
  • Потикнување на поголем интерес за подобра исхрана кај родителите
  • Продлабочување на соработката помеѓу операторот и родителите 

Организатор: Ванила Фуд Доо 

Место на одржување на едукативните состаноците ( предавањата ) :

 

  • 02.2018 – ОУ “Јан Амос Коменски”
  • 02.2018 – ОУ “Димо Хаџи Димов “
  • 02.2018 – ОУ “Владо Тасевски “
  • 02.2018 – ОУ “Петар Поп Арсов”
  • 02.2018 – ОУ “Лазо Трповски”
  • 02.2018 – ОУ “Војдан Чернодрински”
  • 02.2018 – ОУ “Братство”
  • 03.2018 – ОУ “Христијан Тодоровски Карпош”
  • 03.2018 - ОУ “Вера Циривири Трена”

  

 Проект Здрав оброк за секое дете едукативни состаноци

 

Вовед:

 

ВАНИЛА ФУД е приватна компанија формирана во 2010 година. Нејзината основна дејност е подготовка на топли оброци за деца од претшколска возраст и ученици во основно училиште. Нашата мисија е обезбедување на хранливи оброци, подготвени во строго контролирани услови, според највисоките критериуми за безбедност на храна.

Носени од желбата да ги промениме навиките во исхраната, дојдовме до идеја за основање на компанија која ќе се грижи за подготовка на квалитетни, хранливи и топли оброци за најмладите конзументи.Од година во година нашата цел е да напредуваме и да се надградуваме на секое поле во нашата дејност. Посетуваме различни семинари, едукативни предавања, саеми..., кој дополнително ни овозможија загарантиран напредок во работењето, го зголемуваме тимот на вработени кој се состои од стручни и обучени професионалци. Оваа година самоиницијативно одлучивме да направиме и спроведеме проект Здрав оброк за секое дете кој ќе ги опфати сите основни училишта на територија на Општина Карпош. Со сигурност можеме да кажеме дека досега за првпат е покрената ваква иницијатива од страна на некој оператор кој се занимава со подготовка на исхрана во градинките и основните училишта на територија на РМ. На почетокот на учебната 2017/2018 година потпишавме меморандум за соработка со нутриционист Надица Илиевска и постдокторант по прехранбена технологија и нутриционизам, проф. Др. Валентина Павлова, како би можеле дополнително да го унапредиме нашето работење, но и за професионално спроведување на проектот Здрав оброк за секое дете. Нивниот ангажман го опфати спроведувањето и обработувањето на анкетниот прашалник кој како и изработка на ново ремоделирано мени за нашата компанија, кое нутритивно ќе биде збогатено, кое гарантира за оптималниот раст и развој на децата. На едукативните состаноци на наша покана присуствуваше и претставник од Општина Карпош Ирена Калајџиева Милевска овластено лице за контрола и безбедност на квалитет на храна која учествуваше и го следеше проектот во целост.

 

Тек на проектот: 

  • Како да ја оствариме посакуваната промена?
    Во делот од планирањето решивме да ги уклучиме и нашите корисници – родителите, на кој во писмена форма им беше поделено известување и објаснување како да го пополнат прашалникот кој беше објавен на нашата веб страна vanillafood.com.mk . Анкетниот прашалник беше спроведен во месец декември 2017 година кој се состоеше од 25 конкретни прашања, така што секој наш корисник можеше директно да го искаже своето мислење во врска со храната која ја конзумираат децата во училишните кујни, како и да дадат конкретни предлози и сугестии. По завршувањето на анкетниот прашалник и обработката на истиот се запознавме со барањата на корисниците – родителите преку одговорени вкупно 334 анкетни прашалници.    
  • Обработка на анкетниот прашалник
    За целосна обработка на прашалникот, по предвидениот рок за пополнување на истиот следеше обработка, собирање и класифицирање на резултатите кои се разгледуваа и обработуваа поединечно сите одговори. Резултатите на одговорите и конкретните предлози и сугестии на учесниците- родителите во анкетниот прашалник не однесоа на следниот чекор – ремоделирање на менито . Со анкетниот прашалник нашите корисници – родителите , имаа директно учество во ремоделирањето на менито.

 Што постигнавме?

Процесот на ремоделирање на менијата се изведуваше во  неколку етапи:

  1. Детално разложување на нутритивната вредност на постоечкото мени.
  2. Имплементирање на резултатите од анкетата кој беше спроведена
  3. Воведување нови рецепти и нормативи

1. По извршувањето на разложувањето и пресметувањето на нутритивната вредност на постоечкото мени се утврди дека ги здоволува стандардите и препораките кои се дадени во важечкиот правилник за исхрана на децата во Основните Училишта

2. по анализа на резултатите од анкетата се пристапи кон имплементирање на забелешките и барањата кои најчесто се појавуваа во одговорите на прашалникот.

3. Во ремоделирањето на менито освен забелешките кои беа земени во предвид  од анкетата, се водеше сметка и за најновите препораки на СЗО( Светска Здравствена Организација) како и најновите научни сознанија од областа на исхрана на децата во раст и развој во светот.

а) Во доручекот се внесоа рецептури кои освен јаглени хидрати, содржат и задоволително количество на протеини и тоа од млечни производи и јајца. Се воведоа фортифицирани производи, збогатени со пробиотски и пребиотски  култури, исто така се зголеми и честотата на застапеност на истите.

б) Во ручекот се збогати внесот на протеини, претежно од растително потекло. Исто така се зголеми внесот и на Незаситени Масни киселини( Омега-3).

Имајќи во предвид дека училишните оброци треба да придонесуваат за градење на здрави прехрамбени навики, се зголеми бројот на денови во кои има супа. Во новото мени се нуди претежно  овошје како десерт, со што се подобри витаминско-минералниот удел во оброците.  Повремено се послужуваат  слатки кои не се високо процесирани и се подготвуваат во школските кујни. Со зголемување на зачестеноста на свежи салати и разновиден зеленчук како прилог, се подобри дневниот внес на билни влакна, кои се многу важен дел од правилната исхрана на на децата.

Покрај сите наброени промени, важно е да се истакне дека се запазија препораките на правилно подготвување на храната (варење, печење) додека пржењето како процес на подготовка на храната е застапен само два пати во месецот.

Во новото мени не се користат високо процесирани и конзервирани намирници ( сувомеснато, конзерви,  вештачки адитиви, бои и ароми, вештачки засладувачи и засилувачи на вкусот).

 

  • Одкако се направија сите анализи, по изготвување на новото ремоделирано мени, проектот Здрав оброк за секое дете” ја доби својата завршна фаза, во која одлучивме да отвориме дебата со нашите корисници – родителите во сите училишта на територија на Општина Карпош, која ќе содржи презентација на новото мени како и едукативни предавања за здрава исхрана, се со цел родителите да можат да увидат дали се земени во предвид нивните предлози и сугестии.

На едукативните состаноци на нашите корисници – родителите им беа презентирани резултатите од анкетниот прашалник и истите по пат на дебата го искажаа својот став и задоволство во однос на новото ремоделирано мени.  Од страна нашиот стручен тим  беше презентиран новиот распоредот на оброците како и споредбата помеѓу новото и старото мени. Родителите се запознаа со функционирањето на нашата компанија и за процесот на подготовка на оброците. Сите состаноци беше предвидено да траат 60 мунути, но заради дискусија и разговорот во некој училишта презентациите траеа и повеќе. Истотака од страна на Ванила Фуд беше предложено да се оформи комисија во секое училиште која ќе брои 3 члена од страна на нашите корисници – родителите за контрола на квалитетот на храната, со што ќе можат лично да се уверат дека во нашата кујна се се готви ислучиво според стандардите пропишани од страна на институциите во РМ, како и дека се користат свежи намирници, без конзерванси додатоци и ароми, да увидат дека се дели свежо овошје, се со цел да се избегнат сите недоразбирања во врска со храната кои можат да се утврдат на терен. Сите едукативни состаноци во сите основни училишта на територија на Општина Карпош поминаа во позитивна атмосфера. На истите како компанија се заложивме и најавивме дека во секое време на барање на нашите корисници - родителите може да одржиме повторно едукативен состанок кој ќе ја подобри состојбата во делот на здравата исхрана. 

 

Во прилог фото документација од сите посетени училишта :

 

19.02.2018 – ОУ “Јан Амос Коменски ”

20.02.2018 - ОУ “ Димо Хаџи  Димов “

21.02.2018 – ОУ “Владо Тасевски “

22.02.2018 – ОУ “Петар Поп Арсов”

26.02.2018 – ОУ “ Лазо Трповски “

 

27.02.2018 ОУ  “Војдан Чернодрински“

 

28.02.2018 – ОУ “Братство”

 

01.03.2018 – ОУ “Христијан Т.Карпош”

 

05.03.2018 ОУ- “Вера Ц.Трена”

Работно време

Понеделник до Петок: 7am - 4pm
Сабота: 8am - 2pm
Недела: 

Контакт

тел:  02/3061-123;
Email: contact@vanillafood.com.mk
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe

Контакт

 

Контакт форма

Информација

Секој работен ден од 7am - 4pm

тел:  02/3061-123;
Email: contact@vanillafood.com.mk

Адреса

Ванила Фуд
Бул. 8-ми Септември 8-2/4, 1000 Скопјe